„Фенти“ на Ријана со трето издание – и новости за новиот албум на пејачката

ријана фенти

Ријана повторно создава револуција на модната писта – долгоочекуваната трета колекција на брендот „Фенти“ на поп дивата Ријана се одржи во Лос Анџелес во присуство на бројни славни личности.

33-годишната пејачка Ријана блесна како дијамант на црвениот килим при промовирањето на специјалната ревијата за својот бренд Фенти насловена „Savage X Fenty Vol. 3“.

Ова трето издание ќе биде настан кој комбинира мода, танц, музика, и иконична поставка додека манекенките чекорат со виртуозна кореографија на пистата облечени во долната облека на брендот.

Во официјална прес изјава од брендот, претстојната ревија има за цел да разбуди бурна енергија со парчиња кои имаат силни линии кои го контурираат телото и неконвенционални силуети кои ги пробиваат границите на индивидуалноста за да ја разбудат „енергијата на лоша девојка“ во секого.

Пред почетокот на ревијата поп ѕвездата и новата милијардерка даде информации и за нејзиниот нов албум, но не изјави кога ќе биде објавен.

„Што и да знаете за Ријана нема да биде тоа што го слушате. Навистина експериментирам. Музиката е како мода. Треба да можете да си играте. Треба да можам да облечам што сакам. Јас ја третирам музиката на ист начин. Па се забавувам и ќе биде сосема поразлично“, истакна Ријана.


Шоуто изобилува со настапи на бројни славни личности. На пистата чекорат манекенките Џиџи Хадид, Ирина Шајик, Адриана Лима, Џоан Смалс, Бехати Принслу, Емили Ратајковски, а ревијата е збогатена и со настапи на Нас, Рики Мартин и поп сензацијата Нормани, но листата не застанува тука.

Ревијата ќе ја има својата премиера на стриминг на „Amazon Prime Video“ на 24 септември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот