Феноменот на ноќната анксиозност е се почест: Неколку совети како полесно да заспиете навечер!

Анксиозноста и анксиозните чувства подразбираат одредени психички состојби, за чии влијанија понекогаш сме свесни, а понекогаш се работи за потсвесениот механизам кој ги предизвикува. Може да бидат со различен интензитет и често најдобар чекор кон решавање на проблемот е да се обратите на психотерапевт. Кога сме анксиозни чувствуваме немир, чувствуваме дека не можеме да ја контролираме ситуацијата во која се наоѓаме, често сме склони и кон панични напади, и не постои некој посебен период кога доаѓа до овие ситуации. Меѓутоа, постојат и некои други видови на прекриени, епизодни анксиозност, кои имаат поинаков интензитет и можат некогаш да имаат опипливи примери, како што е на пример стресот на работа или физичката исцрпеност.

Се работи за феноменот на ноќна анксиозност, а како таа изгледа и како да ја надминеме, погледнете во продолжение.


Веројатно некогаш ви се случило на крајот од денот да чувствувате вознемиреност и кога треба да потонете во сон и да се одморите од напорниот ден, сонот едноставно не доаѓа. Наместо да ви се спие, вам ви се врти во главата се што ве оптеретувало преку ден – бројните обврски, стресовите, работните предизвици, лични и семејни проблеми, а подеднакво над глава ви виси и она што ве чека во текот на наредниот ден. Во овој случај можеме да зборуваме за ноќната анксиозност.

Прочитајте и...  Откако јавно призна дека го изневерила, Вил Смит реши да ја почасти сопругата

Резултат – наредниот ден сте ненаспани, без енергија и со лошо расположение. И доколку потрае ваквата ситуација, лесно може да влезете во круг.

Затоа е важно да се обидете да го најдете коренот на проблемот и да пронајдете начини како овој вид на анксиозност да го надминете со примена на некои практични совети. Еве некои кои би можеле да ви помогнат:

Обидете се што попрецизно да ги воочите причините за вашата вознемиреност

За да можете да ги рационализирате работите, а тоа е многу важен чекор кон тоа да го надминете предизвикот и можеби да не го преувеличите изворот на вашата вознемиреност, пред се важно е да го детектирате. Дали се во прашање лоши односи со колегите на работа, незадоволство од различна природа, недостаток на комуникација со партнерот или било која друга ситуација, која во принцип нема да помине самата од себе како и вашата вознемиреност. Но, за да пристапите кон решавање на било каква ситуација, прво е потребно да се освестите себе.

Прочитајте и...  Фестивалот ЕГЗИТ и официјално е откажан! (ФОТО)

Бидете физички активни во текот на денот

Доколку сте работеле цел ден, сосема е јасно дека на крајот од денот ќе бидете уморни и исцрпени. Сепак, покрај тоа може да ви се случи пак да не можете да заспиете. Тоа е почесто бидејќи не се работи за физички замор, туку само за психички, кој е често во комбинација со стресот и оптеретувањето, па не е невообичаена појава ноќната анксиозност како последица. Физичкиот замор е здрав бидехќи не ослободува од насобраниот стрес – функционира како филтер. Така што доколку досега не сте го направиле тоа, обавезно во планот на своите дневни активности вклучете и спорт или некоја рекреација која ви одговара.

Имајте ноќна рутина

За да имате здрав сон, важно е да имате и здрава рутина. Идеално е да не заминете на спиење после 23 часот, исто така избегнувајте доцни и тешки оброци, а особено кафе и енергетски пијалоци во доцните часови, бидејќи тоа дополнително негативно ќе влијае на чувството на анксиозност.

Прочитајте и...  По 61 година разјаснета мистериозната смрт на планинарите на Урал (ФОТО+ВИДЕО)

Вежби за дишење

За да се репиме од чувството на вознемиреност и полесно да заспиеме, секако можат да ни помогнат вежбите со дишење, т.е воспоставување на правилен ритам со длабоко земање на воздух, а потоа издишување. Всушност, постои цел механизам како е најдобро да дишете за полесно да заспиете.

Не се воздржувајте од барање на професионална помош

На крај, доколку и понатака се чувствувате лошо, доколку ништо не ви помага и доколку вашата анксиозност само се зголемува, најдоброто нешто што можете да го направите е да побарате стручна помош од психотерапевт. Тоа што не треба да правите е да не ја игнорирате својата состојба и да чекате да помине самата од себе. Не смеете да не се борите со неа.

Прочитај повеќе

Иако неговиот лик почина во првиот дел, Расел Кроу се надева дека ќе заигра во продолжението на „Гладијатор“

Слободен печат

Италијанскиот милионер и манекенка на магичен начин открија дека чекаат девојче! (ВИДЕО)

Васко Спасоски

„Deep Purple“ објавија нова песна: Слушнете ја „Nothing at All” (ВИДЕО)

Слободен печат

Откако јавно призна дека го изневерила, Вил Смит реши да ја почасти сопругата

Слободен печат

Детали за смртта на актерката Наја Ривера: „Го спасила синот, но не и себе“

Слободен печат

Нема да ја препознаете: Пејачката и водителка, Бојана си го смени имиџот! (ФОТО)

Васко Спасоски

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Детаљ број еден за ова лето: Најженствениот моден додаток! (ФОТО)

Слободен печат

Татко и син: Ова е доказ дека крвта не е вода, погледнете го синот на Вељко Ражнатовиќ! (ФОТО)

Васко Спасоски

Кејт Мидлтон ужива статус на миленичка во кралското семејство – Но, на еден член сепак подрага му е Меган!

Слободен печат

Жешко лето: Гласајте за најсекси бикини на македонската естрада! (ФОТО)

Васко Спасоски

Нова идеја за ова попладне: Кремаста и лесна пилешка салата – Нема да можете да престанете да ја јадете! (РЕЦЕПТ)

Слободен печат

Стефан од „Некст тајм“ за ова лето ќе ви препорача: На гравче во Жван, на пливање во Љубаништe! (ФОТО)

Васко Спасоски