Феноменален десерт: Пита со праски

Состојки:

200 грама шеќер
4 јајца
200 грама брашно
1 прашок за печиво
1 ванилин шеќер
1 пакување сув квасец

За фил:

500 грама праски
200 грама шеќер

Подготовка:

Во подлабок сад, убаво изматете ги шеќерот и јајцата. Во добиената смеса, лажица по лажица, додавајте го брашното, квасецот, ванилиниот шеќер и прашокот за печиво. Смесата што ќе ја добиете, најпрвин измиксирајте ја со миксер, а потоа убаво измесете ја и со рака. Добиеното тесто оставете го убаво да стаса.

Додека чекате тестото да стаса, почнете со подготовка на филот.

Во тенџере на оган ставете ги исечканите праски заедно со шеќерот. На состојките додајте им и малку вода. Варете ги праските неколку минути.

Стасаното тесто поделете го на два дела.

Во тавата во која планирате да ја печете питата од праски, ставете го првиот дел од тестото, така што ќе ја покрие целата површина на садот. Доколку не можете да го растегнете со раце, употребете сукало.

Врз кората, истурете го филот. Врз филот ставете ја втората кора.

Исечете ја питата на коцки и ставете ја да се пече во претходно загреана рерна на температура од 180 степени околу 40 минути.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот