Феникс открива колку килограми изгубил за улогата на Џокерот

жоакин феникс
Фото Профимедиа

Филмот за еден од најпопуларните негативци на DC Comics беше премиерно прикажан на Филмскиот фестивал во Венеција. Трејлерот е прегледан повеќе од 27 милиони пати.

Овојпат во улогата на Џокерот го гледаме актерот Жоакин Феникс, кој открива дека за улогата во овој филм морал да ослабне 23 килограми.

„Сето тоа многу влијае врз психата“, признал тој за „Холивуд репортер“.

Тоа сосема го полудело, но и му помогнало да навлезе во сржта на ликот. Исто така, смета дека слабеењето и дебелеењето поради улога воопшто не е лесно.

„Тешко е, но мора да го направите тоа што е потребно. Кога еднаш го минеш тој процес, знаеш што те очекува следниот пат, но и тоа во исто време те плаши“, објаснил тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот