ФЕНИКС открива која била ИНСПИРАЦИЈАТА за неговата улога на Џокерот

џокер жоакин феникс
Фото Профимедиа

Жоакин Феникс на прес-конференција на Филмскиот фестивал во Венеција зборуваше за тоа како се мотивирал пред да почне да го снима „Joker“.

Досега во оваа улога се појавиле многу актери, меѓу кои и Џек Николсон и Џаред Лето, но публиката никогаш не престана да се воодушевува од изведбата на Хит Леџер.

Сепак, Феникс сметал дека самиот треба да внесе дух во овој лик и да направи нова, препознатлива верзија, која ќе се памети.

Тој на пресот изјавил дека не се инспирирал од никој од претходниците, туку дал сè од себе да внесе лични елементи, но и да се држи до оригиналниот лик од стриповите на DC Comics.

Феникс смета дека неговата интерпретација е уникатна и целосно нова во повеќе аспекти и нималку слична ниту на онаа на Лето во „Suicide Squad“, ниту пак на Леџер во „The Dark Knight“ за која тој доби постхумен Оскар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот