Фенг шуи совети за финансиски просперитет и мирен дом: Еве кои растенија имаат посебна моќ

Во источната филозофија, постои верување дека одредени растенија носат богатство. Според фенг шуи, одредени растенија можат да го исчистат домот од негативна енергија и да донесат љубов, среќа, мир и богатство.

Пахира, покрај тоа што има декоративен изглед, е и растение за кое се верува дека привлекува пари во домот. Симболично се поврзува со среќата во финансиите и бизнисот, па затоа често во различни делови низ светот може да го сретнете и под името „дрво на парите“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennie ??‍⬛????? (@renoplantmom)

Друго растение за кое се смета дека носи финансиски просперитет е красулата. Според фенг шуи, ова растение со тркалезни лисја навистина носи среќа. Обично се дава на некој на кој му посакувате среќа во кариерата. За да внесете среќа и напредок во вашиот живот, потребно е да го поставите ова растение близу влезната врата.

unsplash

Според старите верувања, растението Pilea peperomioides кое потекнува од јужна Кина, исто така може да донесе финансиска среќа, поради што со текот на времето го добило името „Кинески долар“.

unsplash

Орхидеите се древен симбол на љубовта. Античките Грци го поврзувале ова растение со плодноста, па затоа е идеален подарок за млади брачни парови.

unsplash

Според фенг шуи, треба да ставите папрат во близина на влезната врата од вашиот дом за да  привлекува среќа и мир во куќата.

Ипомејата има прекрасни пурпурни цвеќиња кои се отвараат наутро. Носи здравје, а преданијата кажуваат дека доколку ставите семе од ова растение под перница, ќе имате мирен сон.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ibesfotos (@ibesfotos)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот