Кои симболи на фенг шуи треба да ги имате во домот: Жабите се магнет за пари, две патки симбол за љубов

Фото Профимедиа

Фенг шуи е древна кинеска наука која го поврзува начинот на живеење да биде во  постојана хармонија со личното опкружување и да обезбеди голема среќа.

За да може позитивната енергија без пречки да кружи во домот, водете сметка при уредувањето на животниот простор да не правите пропусти кои ги блокираат добрите вибрации. Ако правите исти грешки во врските или често запаѓате во безизлезни ситуации, тогаш време е да го преиспитате просторот во кој живеете и да го облагородите со фенг шуи симболи.

За почеток направете генерално чистење и фрлете ги хартивчињата кои не ви требаат, предметите кои се оштетени, облеката која не ја носите со години, спакувајте ја и подарете ја некому.

Фигурите со животни не донесуваат среќа, туку ви помагаат да ја пронајдете. Постојат 12 годишни знаци, поделени во четири групи и секоја од нив има свој заштитник. Во зависност од тоа кое животно е ваш заштитник, купете ја неговата фигура и ставете ја на одредено место.

Се советува прво да купите компас, за да утврдите каде точно се наоѓаат страните на светот во вашиот дом. Ако сте родени во годината на Стаорецот, Змијата или Мајмунот, ваш заштитник е петелот и се поставува на запад. На родените во годината на Бикот, Петелот и Змијата заштитник е коњот и се поставува на југ. На родените во годината на Тигарот, Коњот и Кучето заштитник е зајакот и се става на исток. Четвртата група се родените во знакот на Зајакот, Овцата и Свињата, а нивен заштитник е стаорецот кој се става на северна страна во домот.

За да се подобри љубовниот живот на југо-запад, поставете фигура на божицата Лакшми. Сличен ефект се постигнува и со две срца од розев кварц, две свеќи, две ружи, две фигури на патки, слика од вљубени луѓе.

Фигурите од тројца мудреци носат хармонија, материјална стабилност во куќата и здравје. Тоа се првите фигури што треба да  влезат во сечиј дом. Цвет од лотос  од кристал го чисти просторот, а луѓето ги прави стабилни. За шест недели доведува до целосна регенерација на просторот, а може да го поставите било каде.

Потковицата во сите култури претставува среќа. Се става на влезната врата, а ако сакате да си отворите зона на успехот поставете ја на север. Нејзините краеви секогаш мора да бидат свртени нагоре.

Пирамидата треба да стои на работната маса, по можност да е коцкаста бидејќи симболизира просперитет. На десно од вас на масата на која рабоите ставите го богот-слон Ганеш.

Три парички споени со црвена лента, се универзален подарок а оние на кои им ги давате може да ги носат во паричник. Суштината е местото на кои се наоѓаат никогаш да не се испразни. Ставете ги и во фрижидер и каде што  чувате пари.

Жабите се вистински магнет за пари, се ставаат на југоисток, бидејќи тоа е зона на богатството. Не треба да се ставаат на место каде што се спие бидејќи содржат голема јанг енергија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот