Фенербахче се „распадна“, Реал трет во Виторија (ВИДЕО)
Фенербахче не успеа да се опорави од поразот кој го претрпе во полуфиналето од кошаркарската Евролига и на крајот мораше да се помири само со четвртото место во Виторија.
Реал Мадрид во натпреварот за третото место славеше со убедлив резултат 94:75 (24:16, 14:24, 31:23, 25:12).
Прв стрелец во редовите на шпанскиот клуб беше Густаво Ајон со фантастична партија во која забележа дабл-дабл учинок од 23 поени и 11 скокови.
Во победничката екипа се истакна уште Фабиен Козер кој реализираше 13 поени, Факундо Кампацо додаде 12 поени и 15 асистенции, додека а Треј Томпкинс 12 поени и пет скокови.
За Фенер доминираше Костас Слукас со 17 поени и шест асистенции, зад него на листата најдобри стрелци е Мелих Махматоглу со 14 поени и три асистенции.
Големото финале меѓу Анадолу Ефес и ЦСКА Москва се игра од 20:30 часот.