Фенербахче и Галатасарај се борат за Енис Барди

фото:твитер

После понудата од премиерлигашкиот гигант Арсенал, за Енис Барди денеска доаѓаат нови понуди.

Според турскиот „fotosport.com“, големите ривали Галатасарај и Фенербахче покажуваат интерес за македонскиот репрезентативец.

Моралес: Барди има одлична сезона, сакам да остане во Леванте

Тренерот на Галатасарај, Фатих Терим, му гарантира на нашиот интернационалец ќе го има бројот „10“ на својот дрес.

За Фенербахче претходно играше и Елиф Елмас кој сега е член на Наполи, но можно е повторно во оваа турска екипа да има македонски репрезентативец.

Откриено колку нуди Арсенал за Барди

Барди има договор со шпанскиот клуб до 30 јуни 2022 година, има одлична сезона и е на добар пат да обезбеди опстанок во „Ла Лига“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот