Фекалии од Јадранско Море регистрирани на снимки од вселената

јадранско море
Фото: Архива

Фекалиите во хрватскиот дел од Јадранот се видливи од вселената, пренесуваат хрватски медиуми.

Загадувањето на Јадранот има такви размери што фекалии близу Водњан, во Истра, се регистрирани дури и на снимки од вселената.

Експертите се согласуваат дека местата што се гледаат на сателитските слики на „Гугл мапс” во областа недалеку од канализацијата кај Водњан, најверојатно, потекнуваат од фекалии. Тие се видени на подрачјето околу Перој во Истра, на околу четири километри западно од Фажан, а нешто помалку северно од Бриони.

Проблемот е алармантен, бидејќи фекалии се шират кон Националниот парк Бриони.

Според Индекс, локалните власти се жалат на стариот систем за третман на отпадни води и најавуваат изградба на нов систем. Но, професионалните нуркачи посочуваат дека градежниот проблем би можел да биде што инсталирањето на еден метар цевка на длабочина од 50 метри чини околу 1.000 евра.

Загадувањето со фекалии не е случајност, туку масовен феномен, велат еколозите и предупредуваат за сличен проблем со испуштање канализација во Паг

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот