Фејзи Азири ги покани Русковска и Јовески во ќелија: Ќе ви дадам докази за нарачателите и организаторите на убиството

Обвинетиот Фејзи Демири по изрекувањето на пресудата за „Монструм“ и по барањето мерка притвор упати необична покана до обвинителите:

-Љубомир Јовески и Вилма Русковска, нека дојдат кај мене во затворот во Шутка да им дадам докази за нарачателите и организаторите на убиството. Ако не ми дозволат да ја поднесам пријавата во рок од десет дена, доказите ќе ги споделам со јавноста и странските амбасади, изјави веќе осудениот во случајот ‘Монструм’, Фејзи Азири. Тој ова го сподели одговарајќи на барањето на обвинителите за мерката притвор. Азири денеска заработи петнаесетгодишна затворска казна, за две дела поврзани со монструозното убиство кај Смилковското езеро.

За него, но и за останатите обвинети, обвинителката Фатиме Фетаи побара изрекување мерка притвор, поради можност од бегство. Ова е повторено судење, со исто обвинение за тероризам и помагање и истите обвинети.

И во повторениот процес недостапни за судот останаа Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, кои веќе девет години се во бегство во Косово и на нив им суди во отсуство. Освен нив обвинети беа уште тројца луѓе, но за Самир Љута обвинението е повлечено оти немало докази.

ВИДЕО | Пресуда за Монструм: Три доживотни затворски казни за „монструозното садистичко убивање“ на момчињата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот