„Фејсбук“ во април укинува уште една популарна опција?

unsplash

Социјалната мрежа „Фејсбук“ наскоро ќе исклучи уште една од своите функции која особено „заживеа“ за време на глобалната пандемија.

Имено, се работи за опцијата што им овозможуваше на корисниците да гледаат разни видеа заедно со своите пријатели. Оваа опција ќе се укине на 16 април.

Но, „Фејсбук“ им овозможува на корисниците да ги преземат претходно објавените заеднички видеа и коментарите до 15 април 2021 година.

unsplash

Како да ги преземете податоците?

За преземање на податоците се користи алатката „Download Your Information“, но податоците за списокот на прегледи, посетители, други статистички податоци и коментари на други корисници ќе останат недостапни.

Како да ги преземете податоците од групните видеа?

Во горниот десен агол, одберете „Setting & Privacy Settings“, па одделно „Settings“. Од левата стана ќе ви се појави опцијата „Your Facebook Information“, стиснете „View“  и додадете или отстранете категории по желба. Одберете „Create File“ за да го потврдите барањето.

По поднесувањето на барањето, преземањето се наоѓа во делот „Available Copies“ во „Download Your Information“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот