Фејсбук со забрани и рестрикции за изборите во САД

 Фејсбук забрани огласи за изборна измама, кои сугерираат дека резултатите од претстојните американски претседателски избори нема да бидат фер, и огласи во кои се напаѓа методот на гласање.

Компанијата објави нови правила, откако претходно забрани пред изборите да се објавува кој е победник.

Фејсбук направи таков потег еден ден откако актуелниот претседател на САД, Доналд Трамп ја искористи првата телевизиска дебата со демократскиот противкандидат Џо Бајден да изнесе неосновано тврдење дека изборите на 3 ноември ќе бидат „наместени”.

Трамп најмногу го критикуваше гласањето преку пошта, тврдејќи дека изборната измама е веќе во тек. Тој се обиде тоа да го аргументира со неколку неповрзани инциденти.

Фејсбук, исто така, ги отстрани огласите од кампањата на Трамп, кои сугерираат дека мигрантите би можеле да бидат значаен извор на зараза од коронавирус, повикувајќи се и на правилата за говор на омраза.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот