Фејсбук снима документарец за Ѓоковиќ

фото: инстаграм

Главните кадри се направи се направени на „Другаријада“, која по седми пат ја организира фондацијата Новак Ѓоковиќ, а на филмот работи екипа од Велика Британија. Се очекува документарниот филм да се појави на Фејсбук на крајот од октомври или најдоцна до крајот на годината.

„Правиме филм од неколку минути, а фокусот ни е насочен на хуманитарните активности на најдобриот светски тенисер. Поминавме неколку преубави денови во Брзеч за да смимаме. Се помина добро, а имаме многу одлични кадри со децата кога се дружеа со Новак и Јелена. Се помина во перфектна атмосфера“, стои во соопштението на компанијата „Film Farmers“.

На чело на тимот се наоѓа продуцентот Том Пери од Лондон, кој истакна дека е воодушевен од соработката со српскиот тенисер.

– Новак беше многу добар, опуштен, пријатен и се што го замоливме ад направи, го правеше со насмевка и леснотија. Среќни сме што соработуваме со таква личност и се надевам дека ќе имаме можност повторно да снимаме заедно – изјави продуцентот, Том Пери.

Заменикот на Пери, Сем Клејстон изјави дека тимот кој го снимаше документарецот не беше запознат со хуманитарните активности на Ѓоковиќ.

– Знаеме за неговата тениска кариера, но луѓето во Англија генерално не се запознати со Фондацијата и со тоа што го работи истата за да им помага на децата, посебно во Србија. Убаво беше да им се отворат очите на луѓето низ светот и да видат што Фондацијата и Новак прават за најмалите – открива Клејстон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот