Фејсбук: Сервисот за запознавање партнери станува достапен и во Европа

pixabay

Сервисот за запознавање партнери – конкурент на социјалната мрежа „Tinder“ и други апликации за запознавање, по долго време стана достапна во Европа.

 

„Facebook Dating“ ги има истите карактеристики како и во Америка, користејќи го вашиот постоечки профил на Фејсбук за да пронајдете потенцијални партнери.

Facebook

 

Фејсбук ги прилагодува овие „совпаѓања“ според вашите преференции, вашата активност на социјалната мрежа, групи во кои членувате како и настани. Фејсбук ја задржува вашата приватноста на новата опција, со што многу од персоналните тактики за наоѓање партнер ќе ви бидат целосно опционални.

 

Facebook

 

Но, блиската поврзаност со „Facebook Dating“ со останатите производи на компанијата, во минатото предизвика загриженост кај корисниците.

Во февруари, Фејсбук „претрпе“ интервенција од страна на Ирската комисија за заштита на податоците. Затоа компанијата мораше да го одложи промовирањето на новата функција заради силното влијание на Општата регулатива за заштита на податоците во склоп на Европската унија, кои тврдеа дека Фејсбук не ги известил навремено за своите планови и новата услуга, ниту пак за начинот на кој истата ќе функционира.

 

Facebook

 

Откако го решиле проблемот, „Facebook Dating“ веќе е достапен во над 50 земји, вклучувајќи ги Австрија, Белгија, Бугарија, Кипар, Чешка, Данска, Естонија, Финска, Франција, Германија, Грција, Хрватска, Унгарија, Ирска, Италија, Литванија, Луксембург, Летонија, Малта, Холандија, Полска, Португалија, Романија, Шведска, Словенија, Слобачка, Исланд, Лихтенштајн, Норвешка, Шпанија, Швајцарија и Велика Британија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот