„Фејсбук“ се ребрендира, воведува ново лого
Компанијата објави на својот блог дека се ребрендира – ќе го задржи името на социјалната мрежа, но ќе има ново лого за подобро да ги означи сите различни производи и услуги што сега ги нуди, вклучително и Instagram и WhatsApp. Со новото лого, името на компанијата ќе биде испишано со големи букви – ФЕЈСБУК.
-Денес ние ја ребрендираме нашата компанија да бидеме појасни во врска со производите што доаѓаат од ‘Фејсбук’“. Воведуваме ново лого на компанијата и дополнително ќе направиме разлика меѓу компанијата ‘ФЕЈСБУК ‘ од апликацијата ‘Фејсбук’“, која ќе го задржи својот бренд.- напиша Антонио Лусио, главен директор за маркетинг на компанијата.
Introducing Our New Company Brand https://t.co/vEiaUZKufe
— Facebook Newsroom (@fbnewsroom) November 4, 2019
Компанијата соопшти дека новото лого ќе се појави на Инстаграм, WhatsApp и нејзините други производи.
Гугл направи сличен потег во 2015 година, но ја нарече својата нова матична компанија „Алфабет“.