Фејсбук сака да создаде уред кој целосно ќе го контролира човечкиот ум

Новите пронајдоци почнуваат да не збунуваат и загрижуваат. Фејсбук објави дека е подготвен да инвестира во технологија што ќе им овозможи на луѓето да пишуваат со помош на мислите.

Дизајнирана е студија да помогне да се најде уред кој има алгоритам подготвен да ја претвори мозочната активност во говор. Се работело на пациенти со епилепсија на кои веќе им се всадени електроди во мозокот за пристап до изворот на нивните напади.

Фејсбук се надева дека наскоро ќе има уред способен да биде мобилен и да обработува 100 зборови во минута. Пред сè, се посветува внимание на луѓето кои имаат потешкотии да изговараат одредени зборови, а научниците сакаат да им овозможат да се изразат слободно и едноставно.

Досега тие успеаја да го сторат тоа со мал фонд на зборови, но потребата на овие луѓе е да имаат одреден уред што ќе ги пренесе нивните мисли во целина. Тие се надеваат дека ќе достигнат брзина на декодирање од 100 зборови за една минута, со помалку од 17 проценти грешки. Тие сакаат да им овозможат на луѓето да пишуваат зборови и да комуницираат со контакт со очите со голема брзина без да ги гледаат нивните телефони или компјутерските екрани, пренесува Би-Би-Си.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот