Фејсбук регистрира зголемување на насилната реторика во пресрет на инаугурацијата на Бајден

Компанијата Фејсбук регистрирала зголемување на сигналите што укажуваат на потенцијални акти на насилство во иднина, поврзани со напорите да се оспорат резултатите од претседателските избори во САД по упадот на Капитол минатата недела, изјави портпаролка на компанијата, пренесува Њујорк Пост.

Портпаролката, која побара да не биде именувана од безбедносни причини, изјави дека упадот во американскиот Конгрес од страна на вооружени демонстранти поддржувачи на Доналд Трамп се чини дека е иснпирација и поради тоа постојат напори за организирање собири низ целата држава на повеќе датуми околу инаугурацијата на Џо Бајден на 20 јануари.

Сигналите што ги следеле од Фејсбук вклучуваат дигитални флаери што ги промовираат настаните, при што некои од нив содржат повици за носење оружје или обележја на милиции или групи на омраза, рече таа.

ФБИ предупреди на вооружени протести што се планираат за Вашингтон и за сите 50 главни градови во САД во пресрет на инаугурацијата.

Портпаролот на Фејсбук рече дека темпото на размена на информации на компанијата со службеници за спроведување на законот, исто така, се зголемило по упадот во Капитол.

Тимот за инаугурација на ФБИ и новозибраниот претседател Џо Бајден засега не го коментираа извештајот на Фејсбук.

Насилната реторика на интернет-платформите веќе беше зголемена неколку недели пред немирите од минатата недела, според истражувачи и јавните објави.

Извор.МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот