Фејсбук планира да влече два подводни кабли за „врзување“ на Северна Америка со Југоисточна Азија

Foto: EPA-EFE/SASCHA STEINBACH

Фејсбук денеска соопшти дека планира да постави два подводни кабли со Гугл и регионалните телекомуникациски компании за поврзување на Сингапур, на Индонезија и на Северна Америка, со што ќе се зајакне нивната меѓусебна интернет врска.

Потпретседателот на одделот за инвестиции во компанијата, Кевин Салвадори рече дека тоа ќе бидат првите два кабли, наречени „Ехо“ и „Бифрост“ што ќе го зголемат вкупниот капацитет на подморниците во транс-пацифичкиот регион за околу 70 проценти.

Тој одби да ја наведе големината на инвестицијата, но рече дека таа е „многу значајна” за Југоисточна Азија.

Салвадори рече дека каблите ќе бидат првите што директно ќе ја поврзат Северна Америка со поголемите делови на Индонезија и ќе ја зголемат конективноста на Интернет во централните и источните провинции на четвртата најнаселена држава во светот.

Иако 73 проценти од 270 милиони Индонезијци се на интернет, повеќето пристапуваат преку мобилни уреди, а помалку од 10 проценти користат широкопојасен интернет, според истражувањето на Индонезиското здружение на даватели на услуги на Интернет во 2020 година.

Делови од земјата се без никаков пристап до Интернет.

– Покрај каблите за Југоисточна Азија, Фејсбук ќе продолжи со плановите за поставување подводни кабли во Азија и на други места во светот, вклучително и Пацифичката мрежа на светлосни кабли (ПЛЦН), рече Салвадори.

Фејсбук на почетокот на март соопшти дека ќе се откаже од напорите за поврзување на каблите помеѓу Калифорнија и Хонг Конг поради „постојаната загриженост на американската Влада за директни комуникациски врски меѓу САД и Хонг Конг”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот