Фејсбук отстрани повеќе од седум милиони објави со лажни информации за коронавирусот

Фејсбук отстрани повеќе од седум милиони објави во вториот квартал од годината затоа што содржеле лажни информации за коронавирусот, што може да им наштети на здравјето на луѓето, јави ДПА.

Компанијата издаде и предупредувања за околу 98 милиони објави за коронавирусот со сомнителна, но не толку опасна содржина, изјави потпретседателот на Фејсбук Гај Розен, пренесува БТА.

Фејсбук е под притисок да спречи лажни информации и презема посилен пристап кон умереноста на содржината во последните месеци.

Компанијата неодамна отстрани објава од веб-страницата на Доналд Трамп, бидејќи содржеше лажни информасции за пандемијата. Компанијата соопшти дека санкционирала помалку пораки за самоубиства и самоповредување, голотија на деца и сексуална експлоатација помеѓу април и јуни, бидејќи помалку модератори работеле поради пандемијата. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот