„Фејсбук” очекува рекордна казна од три до пет милиони долари

Компанијата „Фејсбук” соопшти дека очекува американските власти да и изречат рекордна казна од меѓу три и пет милиони долари, поради протекување на лични информации на корисниците на социјалната мрежа.

Најавата следи откако минатата недела американската Федерална комисија за трговија започна истрага по обвинувањата за протекување на лични податоци на корисниците на „Фејсбук”.

Извори од компанија информираа дека „Фејсбук” веќе издвоил три милиони долари за да ја плати очекуваната казна што ќе ја изрече Комисијата.

Инаку, според последните податоци бројот на корисници на „Фејсбук” достигнал 2,38 милијарди лица, што е за околу 10 милиони повеќе од очекуваните 2,37 милијарди долари. Во исто време, профитот на компанијата се зголемил за 26 отсто на 15,08 милијарди долари, што е повеќе од предвидуваните 14,97 милијарди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот