Фејсбук објави војна на дезинформациите за вакцините за ковид-19

Лого на социјалната мрежа Фејсбук / Фото: EPA-EFE/GIAN EHRENZELLER

Фејсбук соопшти дека ќе ги блокира и избрише од својата социјална мрежа сите лажни тврдења за вакцините против ковид-19, кои ги открија здравствени експерти, откако во октомври беше објавено слично соопштение во врска со мрежата Јутјуб од компанијата „Алфабет“.

Новиот потег ги проширува сегашните правила против лажните вести и теориите на заговор за пандемија.

Компанијата посочува дека ќе ги отстрани дезинформациите за коронавирусот што претставуваат ризик од непосредна штета, истовремено ќе се обележуваат и ќе се намали дистрибуцијата на други лажни тврдења што не успеваат да го достигнат тој праг.

Фејсбук соопшти дека промената на политиката е одговор на веста дека вакцините „ковид-19“ ќе се користат низ целиот свет. Фармацевтските компании „Фајзер“ и „Модерна“ од САД побараа вонредно одобрување за употреба на вакцини.

Дезинформациите за вирусот корона се ширеа преку социјалните мрежи за време на пандемијата, вклучувајќи објавувања против вакцини на различни платформи и од сметки на разни идеолошки групи.

Фејсбук објави дека ќе ги отстрани најавите за заговори поврзани со вакцината ковид-19, како што се тврдењата дека безбедноста на вакцината е тестирана кај луѓе без нивна согласност и други дезинформации за вакцините.

– Ова може да вклучува лажни тврдења за безбедноста, ефикасноста, состојките или несаканите ефекти поврзани со вакцината. На пример, ќе ги отстраниме лажните тврдења дека вакцините против ковид-19 содржат микрочип – посочуваат од Фејсбук.

Компанијата не прецизираше кога ќе започне да ја спроведува новата политика, но призна дека не може да воведе нова политика преку ноќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот