Фејсбук казнет со пет милијарди долари за непочитување на приватноста

Владата на САД денеска ја објави казната од страна на Федералната комисија за трговија (ФТЦ), со која се бара Фејсбук да плати пет милијарди долари за непочитување на приватноста на своите корисници.

Според написот на „Вашингтон пост”, таа казна предвидува и надзорни мерки и одредени ограничувања во работењето на компанијата, но за одлуката на ФТЦ извршниот директор на „Фејсбук” Марк Цукерберг е одговорен само делумно лично.

„Вашингтон пост” истакнува дека тоа е најголема казна изречена од ФТЦ.

– Во спогодбата постигната од Фејсбук и Федералната комисија за трговија на САД, директорот Марк Цукерберг се заложи дека лично ќе гарантира дека неговата компанија ќе се придржува кон своите програми за приватност, се вели во текстот.

ФТЦ исто така се закануваат со кривични и други казни во случај на лажни гаранции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот