Фејсбук ја заострува политиката против говор на омраза

Лого на социјалната мрежа Фејсбук / Фото: EPA-EFE/GIAN EHRENZELLER

Компанијата Фејсбук синоќа, по првпат објави информации за распространетоста на говорот на омраза на својата платформа, велејќи дека од 10.000 содржини во третиот квартал од оваа година, 10 до 11 содржат говор на омраза.

Компанијата со седиште во Сан Франциско соопшти дека на примерок од 22,1 милиони говори на омраза, во моментов се идентификувани 95 проценти, во споредба со 22,5 милиони во претходниот квартал

Фејсбук додава дека ги презел сите можни активности за отстранување на говорот на омраза, разни предупредувања, затворање профили или проследување на текстови до надлежните служби.

Шефот на Фејсбук за безбедност и интегритет, Гај Роузен, рече дека ревизијата на говорот ќе заврши во 2021 година.

Во октомври компанијата соопшти дека го редефинирала говорот на омраза според нивните правила, па започна да забранува содржина што ги негира или искривува информациите за Холокаустот.

Во третиот квартал од годината, Фејсбук отстрани 19,2 милиони насилни содржини, во однос на 15 милиони во вториот квартал, додека 4,1 милиони видеа на насилство беа отстранети од Инстаграм.

Извор.МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот