Фејсбук избриша речиси 900 профили на ултрадесничарски групи

Фејсбук вчера избриша речиси 900 налози поврзани со ултрадесничарските групи Прауд бојс (Proud Boys) и Американ гард (American Guard), соопшти компанијата.

Во соопштението е наведено дека се избришани преку 500 налози на Фејсбук и преку 300 налози на Инстаграм, откако помал број налози поврзани со овие две групи беа избришани уште пред две недели.

Фејсбук првпат избриша налози поврзани со двете групи на 30 мај, кога беше забележано дека почнале да објавуваат постови во врска со протестите во САД.

На овие групи Фејсбук првично им забрани да промовираат омраза, но тие продолжија да објавуваат фотографии со оружје и да ги повикуваат луѓето да присуствуваат на протестите низ Америка кои се раширија од Минеаполис по убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд.

Фејсбук следи како ултрадесничарските групи ја користат оваа социјална мрежа за координација на акции и за регрутирање нови членови. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот