Фејсбук и Твитер го ограничуваат присуството на РТ и Спутник на нивните платформи

Владимир Путин во гостување на телевизијата РТ во 2013 година / фото: kremlin.ru

Компанијата Мета, сопственик на Фејсбук, и Твитер го ограничуваат присуството на вести од руски државни информативни изданија на нивните платформи. Ограничени се само медиумите, обвинети за ширење дезинформации во врска со инвазијата на Москва врз Украина.

Мета соопшти дека ќе го ограничи пристапот до РТ и Спутник во Европската унија, кои западните земји ги обвинуваат дека се гласноговорници на Кремљ и ја оправдуваат војна во Украина.

Само неколку часа претходно, Твитер соопшти дека ќе објавува предупредувања во твитови кои споделуваат линкови до руските државни медиуми.

Твитер и Фејсбук беа погодени од ограничувањата за пристап во Русија, така што таму се целосно „неупотребливи”.

Европската унија во неделата објави забрана за емитување на РТ и Спутник во земјите од Унијата. Според претседателката на ЕУ, Урсула фон дер Лајен, овие медиуми „повеќе нема да можат да ги шират своите лаги за да ја оправдаат војната на претседателот Владимир Путин”

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот