Фејсбук и Инстаграм блокираат италијански неонационалистички профили
Фејсбук и Инстаграм во текот на изминатите денови блокирале голем број неонационалистички кориснички профили, фан-страници и групи, кои споделувале говор на омраза.
Блокирани се профили на групите Казапаунд и Форца Нова, кои ја застапуваат крајната десинчарска идеологија и водат антимигрантска кампања.
„Луѓето и организациите кои шират омраза и напаѓаат други врз основа на политичка определба и потекло, немаат место на Фејсбук и Инстаграм“, навеле од Фејсбук.
Од друга страна, засегнатите корисници сметаат дека ова е „директно плукање во лицето на демократијата“. Една од згаснатите групи имала 250.000 членови, а пак профилот што бил администратор на групата имал 5.000 пријатели и над 140.000 следбеници.