Фејсбук го промени своето име во Мета

Фејсбук Марк Закерберг
Фото: EPA/RITCHIE B. TONGO

Извршниот директор на Фејсбук, Марк Закерберг денеска претстави серија нови концепти насочени кон „Метаверзумот“, пренесува Гардијан. 

Тој најави и дека компанијата ќе го смени името во Мета. Социјалната мрежа ќе продолжи да го употребува своето име, а отсега Мета ќе поседува три големи брендови: Фејсбук, Инстаграм и Ватсап.  

Ребрендирањето би можело да биде дел од обидот да се спаси угледот на Фејсбук и да се оддалечи компанијата од големиот број скандали што се случија неодамна.

„Живееме за она што го градиме“ 

 „Знам дека некои луѓе ќе речат дека ова не е време да се фокусираме на иднината и сакам да истакнам дека сега има важни прашања на кои треба да се работи. Секогаш ќе има“, рече Закерберг за време на конференцијата на Фејсбук за виртуелна и проширена реалност.  

 „Не сум сигурен дека некогаш ќе има добро време за многу луѓе да се фокусираат на иднината. Но, исто така знам дека има многу од вас кои се чувствуваат исто како и јас. Живееме за она што го градиме. Иако правиме грешки, продолжуваме да учиме и да градиме и да одиме напред“, рече тој.  

Испраќање холографска слика, виртуелни табели и слично 

 Фејсбук го пренесуваше во живо својот осми годишен настан „Connect“ за да ги прикаже своите најнови иновации и истражувања во проширената и виртуелната реалност. Тие ја претставија и својата верзија на Метаверс, комбинација на виртуелна и проширена реалност.  

Фејсбук прикажа серија видеа во кои се обидуваа да ја пренесат својата визија за Метаверс.  

Закерберг најави дека виртуелната реалност ќе се користи за разговори преку апликацијата „Messenger“, а планира да создаде виртуелен пазар и нема да може да продава виртуелни производи. 

„Вашите уреди повеќе нема да бидат во фокусот на вашето внимание. Очекуваме дека многу од овие технологии меѓусебно ќе се поврзат во рок од пет или 10 години. Многу од нив ќе бидат мејнстрим и многу од нас ќе создаваат и населуваат светови на дневна основа кои се детални и привлечни како овој“, рече тој. 

10.000 нови работни места во Европа  

Да потсетиме, Фејсбук пред десет дена објави дека ќе отвори 10.000 висококвалификувани работни места во Европската унија во следните пет години за да помогне во изградбата на Метаверс.  

Компанијата работи со други фирми за да развие „нова фаза на меѓусебно поврзани виртуелни искуства користејќи технологии како виртуелна и проширена реалност“ или Метаверс, изјави шефот за политика и јавни работи на Фејсбук на Фејсбук, Ник Клег.  

„Метаверзумот има потенцијал да помогне во отворањето пристап до нови креативни, социјални и економски можности. А Европејците ќе го обликуваат од самиот почеток“, додаде тој.

Фејсбук го менува името? Закерберг засега молчи, сè ќе биде познато наредна недела

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот