Фејсбук ги отстранува објавите кои го негираат Холокаустот

Фејсбук ги забранува објавите кои го негираат или изобличуваат Холокаустот врз Евреите пред и за време на Втората светска војна, а корисниците ги насочуваат кон веродостојни извори за тој нацистички геноцид, Бета.рс.

Извршниот директор на Фејсбук, Марк Закерберг најави денеска дека тоа е најновиот обид на компанијата да ги спречи „теориите на заговор“ и дезинформациите пред американските претседателски избори.

Преживеаните лица од логорите летоска покренаа кампања барајќи од Закерберг да ги отстранува од Фејсбук негирањата на Холокаустот.

Закерберг во денешниот блог наведе дека верува дека новата политика воспоставува што е прифатливо, а што не е. Тој изјави дека одлучи да ја воведе забраната кога ги видел видео податоците кои покажуваат пораст на антисемитизам.

Директорот на Фејсбук предизвика масивен гнев во 2018 година, кога изјави дека објавите кои ја негираат смртта на шест милиони Евреи во Холокаустот не се задолжително „намерни“, така што не мора да бидат остранети, освен ако не повикуваат на зло и насилство.

Закерберг кој и самиот е Евреин, сега призна дека, иако мислел дека „одрекувањето на Холокаустот е длабоко навредливо“, верувал дека „вистинскиот говор“ е доволен за „борба против навредливиот и лошиот говор“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот