„Фејсбук“ доби одбор кој ќе има моќ да го замени Цукерберг

(Фото: принтскрин)

Според соопштението од „Фејсбук“, кое го пренесува „Ројтерс“, одборот го сочинуваат избрани членови од 27 земји од светот, а кои комуницираат на 29 јазици, иако една четвртина од нив се од САД, каде се наоѓа седиштето на компанијата.

Компанијата „Фејсбук“ основаше нов надзорен одбор кој ќе ги надгледува содржините на оваа социјална мрежа, а меѓу членовите на ова тело ќе се најдат лица од сите страни на светот.

Овој одбор, кој ќе има овластување да отврла одлуки, па дури и да менува основачи и генералниот директор на компанијата Марк Цукерберг е формиран како одговор на се поголемите критики за начинот на кој оваа социјална мрежа ги контролира содржините кои се објавуваат.

Според соопштението од „Фејсбук“, кое го пренесува „Ројтерс“, одборот го сочинуваат избрани членови од 27 земји од светот, а кои комуницираат на 29 јазици, иако една четвртина од нив се од САД, каде се наоѓа седиштето на компанијата.

Меѓу другите, во надзорниот одбор ќе се најде и поранешниот федерален судија Мајкл Мекконел, колумбиската адвокатка Каталина Ботеро – Марино, но и поранешната премиерка на Данска Хеле Торнинг – Шмит.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот