Федерер започна со изградба на лускузниот дом (ФОТО)

Рожер Федерер по поразот во финалето на Вимблдон од Новак Ѓоковиќ одлучи малку да се одмори од тенисот и да се посвети на приватниот живот. Швајцарецот започна со изградба за нов луксузен семеен дом за него, сопругата Мирка Вавринец и четирите деца.

Според швајцарските медиуми, Федерер дефинитивно одлучи да се пресели во гратчето Раперсвил-Јона, кое се наоѓа во кантонот Сент Гален. Ова гратче кое брои 26.995 жители е формирано во 2007 година кога гратчињата Раперсвил и Јона како и неколку околни села се споија во една целина.

Федерер по продажбата на „стаклениот дом“ кој се наоѓаше на брегот на Циришкото езеро, веќе купи плац на кој ќе го гради луксузниот дом. Дека новиот дом ќе биде луксузен, доказ е тоа што за плацот од 18.000 квадратни метри, тенисерот плати неверојатни 45 милони евра.

Тука Федерер планира да изгради вистинска империја, голема куќа со разни комплекси од згради кои ќе имаат тениски терени, базени.

– Горди сме што светска ѕвезда како Рожер Федерер доаѓа во нашиот град. секогаш сме среќни за секој нов жител. Меѓутоа, податокот дека светска ѕвезда одлучи да ја смени страната на езерото е доказ за високиот квалитет на живот во Раперсвил-Јона – изјави градиначникот на ова гратче, Мартин Штоклинг.

Рожер Федерер по продажбата на „стаклениот дом“ за 7.5 милиони евра, тој одлучи да го продаде и имотот во Херлинерг и за тој имот бара 31.6 милиони евра. Планот на тенисерот е парите заработени од продажбата да ги вложи во изградбата на новиот дом.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот