Федерер во три сета со гран слем рекорд – Слободен печат
ОстанатoСпорт

Федерер во три сета со гран слем рекорд

Швајцарецот со триумофт над Лука Пуј во третото коло од Вимблдон дојде до 17. пласман во осминафиналето на најпрестижниот тениски турнир.

Швајцарецот Роже Федерер за два часа и осум минути со 3:0 во сетови и тоа 7:5,6:2,7:6 го совлада 28. тенисер на АТП ранг листата, Лука Пуј. Со триумфот над францускиот тенисер, Федерер дојде до два рекорди, по 17. пат се пласира во осминафиналето на Вимблдон, и ја оствари 350. победа на гран слем турнирите.

Во првиот сет, Пуј беше рамноправен противник до 11. гем, по што Федерер направи брејк и со сигурен сервис го освои првиот сет. Во ист ритам продолжи и во вториот сет, поведе со 4:0 по што рутински го приведе до крајот.

Во третиот сет, Федерер одлучи да не форсира, му „дозволи“ на Пуј да дојде до тај-брејк кој го доби со 7:4 и си обезбеди пласман во осминафиналето каде го очекува Марио Беретини кој во маратонски меч со 3:2 во сетови беше поуспешен од Диего Шварцман.

Сигурен настап имаше и третиот носител, Рафаел Надал кој во три сета со 6:2,6:3,6:2 го победи Жо Вилфред Цонга.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close