Федерер во конфликт со судијата, па го загуби мечот! (ВИДЕО)

twitter.com/WeAreTennis

Александер Зверев се пласираше во полуфиналето на турнирот во Шангај откако го совлада Рожер Федерер со 6:3, 6:7 (7) и 6:3 во меч кој траеше два часа и шест минути.

Во вториот сет, Зверев водеше со 6:5 и 40:0, на свој сервис имаше три меч-топки, но ги прокоцка, и ветеранот Федерер на неверојатен начин се избори за трети сет. Сепак, помладиот тенисер успеа да се врати во игра и да се пласира во полуфиналето во кое ќе игра со Беретини или Тим.

Швајцарскиот тенисер при резултат 3:0 во корист на Германецот во третиот сет, дојде во конфликт со главниот судија. Откако го загуби претходниот поен, му беше даден уште еден автоматски на Зверев, бидејќи Федерер го удри топчето високо и заврши некаде на трибините.

Судијата процени дека тоа топче (кое не одеше со голема брзина) би можело да биде опасно по публиката која беше на трибините (тоа му се случувало и во минатото), Федерер не можеше да поверува и на крајот влезе во конфликт со судијата донесе одлука за 15-40 за Зверев.

За Зверев, ова е прва победа годинава против играч кој е меѓу десетте најдобри на светот според АТП листата. Таа црна серија му беше психолошки проблем, како да се плашеше од победата против Федерер, па триумфот го обезбеди дури по шестата меч-топка.

Веќе е позната првата полуфинална двојка, Медведев ќе игра против Циципас, а Зверев го чека подобриот меѓу Беретини и Тим.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот