Федерер: Трката за најдобриот тенисер во историјата е поважна за Новак и Рафа отколку за мене

Рожер Федерер ќе го пропушти „Австралија опен“, прашање е дали ќе настапи на „Вимблдон“/Фото: EPA-EFE/NIC BOTHMA

Дебатата околу тоа кој е најдобриот тенисер во историјата продолжува, посебно откако Новак Ѓоковиќ го освои 18. грен слем турнир во кариерата, но и со враќањето на терените на Рожер Федерер.
Швајцарецот по пауза од повеќе од една година, од утре се враќа на турнирите, а со тоа повторно се актуелизира прашањето за најдобриот тенисер во историјата. Токму ова беше едно од прашањата за Федерер во пресрет на стартот на турнирот во Доха.

– Мислам дека тоа е добра, интересна дебата. Неверојатно е тоа што го направија Новак и Рафа во последното време. Немаат повеќе по 25 години, но се во состојба да победуваат, Новак повторно во Австралија, а Рафа повторно во Париз. Изгледа како да се на „врвот“ и тоа е одлично за тенисот. Јас повеќе се грижам за моето здравје и игра отколку за рекордите – рече Федерер.

Швајцарецот исто така изјави дека тој беше референца за Надал и Ѓоковиќ, како што во минатото за него тоа беше Пит Сампрас.
– Во овој момент таквата трка е многу поважна за нив отколку за мене. За мене отсекогаш беше важно да го израмнам рекордот на Пит Сампрас и потоа да го престигнат. Кога ќе се собори некој рекорд, тогаш понатаму само сакате да давате се од себе и токму тоа се обидував. За нив двајца можеби јас сум референца како што Пит беше за мене. Би сакал да ги задржам сите рекорди, но тие постојат за да се соборуваат. Рафа и Новак се неверојатни, се надевам дека ќе продолжат да играат и освојуваат трофеи и во иднина и ќе направат се што ќе посакаат, за на крајот кога ќе ја завршат кариерата да не се каат за ништо. Тоа е нешто што го сакаме сите тројца и доколку е така, тогаш сите мирно ќе спиеме – додаде Федерер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот