Федерер: Треба да сум на 800. место на АТП ранг листата, а не во топ 10

epa09199703 Switzerland's tennis player Roger Federer reacts during a training session prior to the ATP 250 Tennis Geneva Open tournament in Geneva, Switzerland, 14 May 2021. EPA-EFE/MARTIAL TREZZINI

Иако минатата година одигра само еден на еден турнир, а годинава исто така настапи на само еден турнир, благодарение на пандемијата на коронавирусот и променетиот начин на бодување, Рожер Федерер ќе биде прв носител на турнирот од серијата 250 кој ќе се игра во Женева.
Федерер моменто се наоѓа на осмото место на АТП ранг листата, но и самиот Швајцарец смета дека не ја заслужуваа оваа позиција.

– Не мислам дека паузата ми помогна поради операцијата на коленот, денеска сите тенисери се подготвени и играат, сите сакаат да бидат ефикасни. Единствена работа која ми помогна за време на овој период е ранкингот, но искрено тоа е помалку важно. Мислам дека доколку немаше промени во рангирањето, јас сега би бил околу 800 место на АТП ранг листата, а не осми тенисер. Секогаш е добро да се биде носител на турнир, но тоа не менува многу – изјави Федерер.

Меѓутоа, Швајцарецот верува дека иако има 39 години и доколку се врати во натпреварувачки ритам, тогаш е далеку подобар од тенисер кој треба да биде 800 на ранг листата.
– Доколку не сум 100 проценти подготвен поради коленото нема да можам да го издржам напорот. Но доколку сум максимално подготвен тогаш знам дека сум подобар од 800 место на АТП ранг листата. Сега мора да видиме како ќе се одвиваат наредните два месеци – додава Федерер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот