Федерер се појави на САД опен и го коментираше скандалот на Синер: Не би требало да биде тука

Фото: EPA-EFE/CJ GUNTHER

Освојувачот на 20 гренд слем титули, легендарниот Рожер Федерер беше гостин во Њујорк на САД опен. Петкратниот шампион на овој турнир даде и свое мислење за аферата со допинг-скандалот во која во центарот на вниманието е најдобриот светски тенисер во овој момент, Јаник Синер.

„Ова е навистина непријатна ситуација за секој спортист и неговиот тим кога ќе се соочат со вакви обвинувања. Тоа не е она што сакаме да го видиме во нашиот спорт, без оглед дали нешто направил или не. Се создава бура која не ја посакуваме“, истакна Федерер.

Швајцарецот смета дека Синер не би требало да игра на турнирот бидејќи сè уште целата ситуација околу тоа како недозволената супстанција завршила во неговиот организам не е јасна.

„Апсолутно ја разбирам фрустрацијата на тенисерите кои се незадоволни од начинот на кој Синер е третиран поинаку од останатите. Повеќето од нас веруваат дека Јаник не направил ништо лошо, меѓутоа не би требало да биде тука додека 100% не се утврди што се случувало. Тоа е прашање на кое мора да добиеме одговор“, изјави Федерер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот