Федерер призна дека плачеше поради Ѓоковиќ!

twitter.com/JPrefabricada

Роџер Федерер (38) беше многу блиску до победа и нова грен слем титула, но пропушти две шанси кога сервираше за шампионскиот пехар во петтиот сет, иако и од аспект на статистиката беше подобар ривал, на крајот претрпе пораз.

Во текот на церемонијата на доделувањето на пехарите финалистот се трудеше да ги задржи емоциите, но истите „експлодирале“ во соблекувалната.

– Кога плачев последен пат? Пред два месеци на „Вимблдон“. На теренот и на доделувањето на пехарот ги задржував солзите. Тогаш дојдов во соблекувалната и на првиот коментар „немеше среќа, беше така блиску…“ не издржав и плачев – призна Федерер во разговор кој го водеше познатата скијачка Микаела Шифрин за италијанската „Газета дело Спорт“.

Кога се зборува со него, веќе често се поставува прашањето дали воопшто планира наскоро да се пензионира.

– Истото прашање ми го поставија и пред 10 години, тогаш ми беше почудно. Ме прашаа за пензија кога го освоив „Ролан Гарос“ (2009) и одговорив: „Имам само 28 години“! Мислев дека ќе играм барем до 32-33 години, после сè одеше со свој тек. Сега како да ме прашуваат на истата тема на секоја конференција, но ниту јас не знам кога ќе завршам со професионалното играње тенис – додаде швајцарскиот тениски великан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот