Федерер поради Ѓоковиќ не освои повеќе грен слем титули

фото: твитер

Швајцарецот е рекордер по бројот на освоени грен слен титули.

Рожер Федерер во своите витрини има дури 20 грен слем шампионски пехари со што е најтрофеен од големата тениска тројка, Рафаел Надал има 19. триумфи, додека Новак Ѓоковиќ има 17.

Федерер последен пат триумфира на грен слем турнир во 2018 година кога победи на Австралија Опен, и многумина се прашуваат дали тој со 38. години сè уште има сили повторно да триумфира на најголемите тениски турнири, посебно доколку се знае дека неговите големи ривали се шест, односно седум години помлади од него.

Поради тоа и самиот Швајцарец е свесен дека е прашање на момент кога Надал или Ѓоковиќ ќе го престигнат.

– Кога ќе погледнете наназад ќе видите дека речиси пет години не сум триумфирал на грен слен турнир – а луѓето прават тоа да изгледа како да сум играл очајно. 2013 година ми беше многу тешка, тогаш имав проблеми со грбот од Индијан Велс па се до крајот на летото – рече Федерер во разговорот со Густаво Куертен и притоа порача дека неговата „слаба игра“ не е причината за неосвојувањето на најголемите титули.

Според Швајцарецот, Новак Ѓоковиќ играше фантастично и тој е причината зашто нема уште неколку шампионски пехари повеќе во својата колекција. Интересно е што од 2012 година Федерер нема победа над Ѓоковиќ на грен слем турнир.

– Рафа го резервира Ролан Гарос, едноставно невозможно е да се победи на тој турнир. Но, искрено, тоа беше време на доминација на Новак кој играше неверојатно. На грен слем турнирите речиси е невозможно да го победите – додава Федерер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот