Федерер: Ова беше лудо, секоја чест Новак

Рожер Федерер не успеа да дојде до деветтата титула на Вимблдон и вкупно 21. гран слем трофеј во кариерата, откако во епското финале беше запрен од Ѓоковиќ со 3:2 во сетови.

– Ќе се обидам да го заборавам овој дуел. Ова беше неверојатен дуел, фантастичен, имав шанси за победа. Мислам дека играв одличен тенис и задоволен сум од прикажаното. Честитки за Новак, ова беше лудо, секоја чест Новак – изјави Федерер.

Швајцарецот иако не успеа да ја освои титулата одигра одлично и по финалето им упати порака на своите врсници дека и со 37 години можат уште многу да понудат.

– Се надевам дека на некои луѓе ќе им дадам потстрек да веруваат во себе, и дека со 37 години сè уште ништо не е готово. Одлично се чуствувам, дадов се што имам но ќе ми биде потребно време да се опоправам од ова – рече Федерер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот