Федерер откри зашто не се пензионира во 2009 година

twitter/#AusOpen

Швајцарскиот тенисер Рожер Федерер има намера да се натпреварува и во 2021 година, а по завршување на таа сезона ќе одлучи дали ќе игра понатаму или ќе оди во пензија.

Федерер наредниот месец ќе наполни 39 години, а на германските медиуми им откри дека пред 11 години кога триумфира на Ролан Гарос бил на чекор да се пензионира, но…

– Се чувствувам како да сум на проштелна турнеја откако го освои Ролан Гарос во 2009 година. Потоа истата година триумфирав и на Вимблдон во епското финале против Енди Родик кога ми се родија ќерките. Тогаш си помислив, готово е, по летото одам во пензија. Но, потоа потоа сфатив дека имам само 28 години. Уживав и се уште уживам во тенисо, но доколку тогаш пред 11 години ми рекоа дека ќе играм до мојата 38, 39 година и дека ќе поминам низ сите тие операции, би им рекол „дали вие сте луди“ – открива Федерер.

Сега, Федерер не размислува за пензионирање и вели дека само сериозна закана за неговото здравје може да го натера да го остави рекетот.
– Патувањата не ми пречат, веќе 20 години постојано патувам и се додека сопругата и четирите деца ме поддржуваат, а јас имам шанси на најголемите турнири – ќе продолжам да играм – додава Швајцарецот.

Паузата предизвикана од пандемијата на коронавирусот добро му дојде на швајцарскиот тенисер кој се опоравува од операцијата на коленото.
– Очекувам да бидам 100 проценти подготвен во декември или јануари идната година и дека можам да ја одиграм цела сезона во 2021 година. Не верувам во финалиња од сништата, доколку сакав таков крај тогаш ќе се пензионирав по финалето од 2017 година на Австралија Опен кога го совладав Надал во пет сета…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот