Федерер откри зашто му се воодушевува на Ѓоковиќ

Рожер Федерер заедно со Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ се најдоминантната тројка во тениската историја која доминира повеќе од 15 години. Тројцата тенисери имаат освоенo 55 грен слем титули од последните 65 гран слем турнири.

Токму нивните меѓусебни дуели се едни од највозбудливите во светот на тенисот. Федерер кој полека се подготвува за пензија, откри дека има голем респект кон Ѓоковиќ и објасни зашто му се воодушевува на Новак Ѓоковиќ.

– Ѓоковиќ е опуштен и по тоа сме многу слични. За да бидете успешни морате да бидете опуштени. Ние играме многу натпревари, од 50 до 100 годишно, тоа не е како бокс кога имаше по два меча во годината – вели Федерер.

Швајцарецот исто така им откри на медиумите и што го изненади кај Ѓоковиќ.
– Тоа што ме изненади кај него е таа некоја визија која ја има кога сака да победи. Тој како да размислува „јас ќе играм вака и затоа ќе бидам успешен“. Ми се допаѓа и неговиот процес како избира што ќе јаде и кога ќе јаде. Се мора да биде плански. Тоа многу го почитувам – открива Федерер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот