Федерер откри што ќе прави во пензија

твитер

Швајцарскиот тенисер конечно одговори би правел кога ќе стави крај на кариерата.

Рожер Федерер кој е рекордер по бројот на освоени грен слем титули (20), досега одбиваше да зборува кога ќе ја заврши кариерата, сега одеднаш почна да зборува за плановите тоа што ќе работи во иднина.

Швајцарецот пред два дена го оперираше коленото по што го очекува долга пауза од терените. Според проценките на докторите, Федерер ќе отсуствува се до Вимблдон.

– Постојат многу работи кои не можам да ги правам за време на кариерата, но можам откако ќе се пензионирам., Ќе имам многу време да учам нови работи, можеби тоа ќе бидат други јазици или да посетам места во кои досега не сум бил – рече Федерер.

Швајцарецот во август ќе наполни 39 години.
– Јас сум добар тенисер, но тоа не значи дека сум исто толку добар во другите работите. Исто така, мислам дека е возбудлкиво да се започнат нови авантури. Јас сум далеку од добар готвач, затоа ќе морам да учам. Тоа би можел да го правам заедно со моите деца, тие сакаат да готват – вели Федерер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот