Федерер одлучи: Ќе играм на Вимблдон, а потоа…

twitter.com/NOWTennis_

Рожер Федерер конечно откри кога планира да замине во пензија. Швајцарецот засега потврди дека ќе настапи на неговиот омилен грен слем турнир, Вимблдон, идната година. Федерер досега осум пати триумфирал на најпрестижниот тениски турнир, а летово во финалето пропушти две меч топки и на крајот загуби од Новак Ѓоковиќ.

– Одлучив дека сакам да играм до Вимблдон. Сега треба да одлучам дали ќе учествувам на Олимписките игри во Токио. Зборував со својот тим, со сопругата Мирка и одлуката ќе ја донесам во наредните недели – изјави Федерер.

Следната тениска акција за Швајцарецот ќе биде настапот на Лејвер Купот, а по завршувањето на тениската сезона, ќе одигра неколку егзибициски натпревари.

– Тоа е одлука која ја донесов со мојот фитнес тренер. Вообичаено подготовките за новата сезона ги започнувам на 4. декември, но сега ќе стартуваме нешто подоцна. Воопшто не ми е важно дали ќе бидам подготвен за првите турнири во новата сезона. Мојата цел е Австралија Опен – вели Федерер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот