Федерер од дното до ѕвездите: Го преживеа маратонот со Милман

Рожер Федерер во пет сета го совлада домашниот тенисер Џон Милман во третото коло на Австралија Опен.

Швајцарецот се наоѓаше пред сензационална елиминација во третото коло на Австралија Опен, губеше во одлучувачкиот тај брејк со 8:5 но со серија од пет поени успеа да дојде до победата.

Самиот почеток на дуелот навестуваше дека Федерер ќе има големи проблеми со Милман. Австралиецот на стартот направи брејк за водство од 3:1 во гемови, но Федерер одговори со рибрејк за 5:4 и кога сите помислија дека првиот сет ќе се решава во тај брејк, Милман возврати со нов брејк за освојување на првиот сет.

Федерер го возврати ударот во наредните два сета, првиот го доби со 7:6, а наредниот со 6:4.
Милман смогна сили да го освои четвриот сет со 6:4 и да го однесе дуелот во одлучувачки петти сет. Таму првиот удар го зададе Милман кој направи брејк за водство од 2:1, но Федерер одговори експресно и израмни на 2:2, по што и двајцата тенисери успешно го чуваа својот сервис се до тај брејкот.

Во одлучувачкиот гем, Џон Милман се наоѓаше на прагот на вистинска сензација, поведе со 8:4 но и покрај тоа не успеа да слави. Федерер ги освои наредните шест поени и дојде до победа кја го однесе во осминафиналето каде го очекува Фучович.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот