Федерер нема да игра ниту на Олимписките игри во Токио?

epa09065793 A handout photo made available by beIN Sports of Roger Federer of Switzerland playing a forehand against Daniel Evans of Great Britain during their match at the Qatar Exxonmobil Open in Doha, Qatar, 10 March 2021. EPA-EFE/Samer F Rejjal / HANDOUT by beIN Sports SHUTTERSTOCK OUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Причините за ваквото размислување не се поврзани со случувањата на тениските терени.

Швајцарските медиуми тврдат дека тенискиот турнир на Олимписките игри во Токио, најверојатно ќе биде без една од најголемите ѕвезди, Рожер Федерер.
Федерер кој неодамна се врати на тенисот по 13-месечна пауза , но веднаш по настапот во Доха, Швајцарецот донесе одлука да не учествува на турнирот во Дубаи, а не е и меѓу пријавените за Мастерсот во Мајами, за да се посвети на тренинзите. Сега, медиумите во Швајцарија пишуваат дека Федерер најверојатно нема да игра на ОИ во Токио и тоа поради причини кои немаат врска со случувањата на теренот.
Според информациите со кои располага весникот „Блик“, Федерер нема да учествува на Игрите во Токио бидејќи не сака да биде одвоен од семејството неколку недели. Имено, организаторот на Игрите, размислува да забрани престој на семејствата на спортистите во Олимпиското село, што значи дека во Токио нема да можат да пристигнат сопругата на Федерр, Мирка и нивните четири деца.

Федерер не е подготвен на таква жртва на 39 години, и доколку стане официјална одлуката на организаторот за забрана на присуство на семејствата во олимпиското село, тогаш и Швајцарецот официјално ќе се откаже од настап во Токио.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот