Федерер не може да ги победи Надал и Ѓоковиќ

EPA-EFE/RAY ACEVEDO

Поранешниот британски тенисер, Грег Руседски кој сега работи како аналитичар смета дека Роже Федерер не може да ги победи Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал на претстојниот УС Опен кој започнува в понеделник.

Федерер дури пет пати по ред триумфираше на грен слем турнирот кој се игра во Њујорк од 2004 до 2008 година, а во последната деценија само еднаш играше во финалето, во 2015 година и тогаш загуби од Ѓоковиќ.

Токму затоа Руседски смета дека Федерер го поминал својот зенит. Згора на тоа, Федерер ќе биде трет носител во Њујорк, што значи дека за да дојде до трофејот мора да слави и над Надал и над Ѓоковиќ. Такво нешто во досегашната кариера, на еден турнир да ги совлада двајцата големи ривали, никогаш не го направил.

– Доколку гледаме кој би можел да го освои УС Опен, за мене тоа се само двајца тенисери, Новак Ѓоковиќ или Рафаел Надал. Не зборувам за пласман во полуфинале или четвртфинале. Далеку зад нив, меѓу фаворитите е и Данил Медведев бидејќи играше во финалето на двата последни Мастерс турнири и во Њујорк доаѓа со голема самодоверба.

Федерер не играл во финале од 2015 година. Федерер не е меѓу фаворитите бидејќи неговото време полека заминува, а убеден сум дека тој во моментов не може да ги победи Надал или Ѓоковиќ во три сета. Згора на тоа никогаш не ги победил на еден ист турнир. Дали Федерер може да има добар настап? Да, но дали ќе ја освои титулата? Мислам не – изјави Руседски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот