Федерер: Не гледам ниту една причина да се пензионирам

twitter.com/JPrefabricada

Швајцарецот Роже Федерер не учествува на завршниот турнир во Дејвис Купот, туку се наоѓа во Чиле каде играше ревијален меч со Александер Зверев на кој славеше со 6:3,4:6,6:4.
Веднаш го дуелот со германскиот тенисер, Федерер на прес конфереција откри дали планира во најскоро време да се пензионира.

– Моментно не гледам ниту една причина зашто да престанам да играм тенис. Ќе се пензионирам кога тоа ќе ми го каже телото. Не мислев дека ќе играм на 35,36. години но еве ме и на 38 сè уште сум активен. Прв пат кога почнав да размислувам за евентуална пензија беше во 2009 година, но и по 10 години сум тука со рекетот во рака – рече Федерер.

И младиот Александер Зверев се надева дека Швајцарецот нема во најскоро време да се повлече од тенисот.

– Речиси сите ние тенисери редовно губиме од него на турнирите, но се надеваме дека нема се повлече. Сè уште сакаме да го гледаме на турнирите, во соблекувалната, ресторанот. Тој ми беше идол кога почнував да тренирам тенис – изјави Зверев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот