Федерер: Не е нормално сè уште да владееме јас, Рафа и Новак

Во завршницата на Вимблдон се пласираа тенисерите кои доминараат во последните 15 години, Роже Федерер, Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ. Првиот тенисер на АТП ранг листата, Ѓоковиќ утре го очекува полуфинална пресметка со Роберто Баутиста Агут, додека второто полуфинале претставува тениски класик, Федерер и Надал ќе играат еден против други по јубилеен 40. пат. Досега Надал е поуспешен со 24 победи, наспроти 15. на Федерер, но јубилејниот дуел се игра на омилената подлога на Федерер, на трева.

Сепак, поголемо внимание кај јавноста од нивниот дуел предизвикува, доминацијата на големата тројка во тенисот. Иако сите тројца имаат над 30 години, а Федерер е најстар со 38 години, тие сè уште  се главните фаворити за гран слем титулите и редовно играат во завршницата.

– Да, ова не е нормално. Кој би помислил дека нашата доминација ќе трае толку долго. Сепак, факт е дека помладите генерации на тенисери кои доаѓаат не се толку талентирани како Рафа, Новак и јас – вели Федерер.

За доминацијата на големата тројка во последните 15-тина години говори и податокот што тие триумфираа на 53 од последните 64 гран слем турнири.
Иако има 38 години, Федерер со игрите на Вимблдон покажа дека може уште неколку години да се бори за трофеите.

– Не постои причина зашто Федерер не би играл уште 3-4 години. Тој изгледа фантастично за своите години, со движењата и играта, дури изгледа како да има десет години помалку – вели легендата на светскиот тенис, Џон Мекинро.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот