Федерер не дозволи ново изненадување, рутинска победа над Беретини

twitter/ATP Tour

Роже Федерер ги задржа шансите за пласман во полуфиналето на завршниот Мастер турнир во Лондон, откако во второто коло рутински го совлада Матео Беретини.
Швајцарецот славеше во два сета со 7:6,6:3 над Беретини и во последното трето коло против Новак Ѓоковиќ ќе мора да победи доколку сака да обезбеди пласман во полуфиналето.

Дебитантот на завршниот Мастерс турнир, Матео Беретини одлично играше во првиот сет, сервисот одлично го служеше и не му дозволи на Швајцарецот да направи брејт туку сетот го однесе во тај брејкот.

Во него, Федерер прв дојде до мини брејк со што си го трасира патот за освојување на сетот, а работата му беше дополнително олеснета поради грешките на противникот и на крајот славеше со 7:2.
Лошата игра од тај брејкот продолжи и во вториот сет, Беретини уште на стартот му дозволи на Федерер да направи брејк. До крајот на сетот, Швајцарецот дојде до уште еден брејк за конечен триум од 6:3.

За да обезбеди пласман во полуфиналето, Федерер мора во третото коло да го победи Ѓоковиќ. Швајцарецот и со пораз може да се најде во полуфиналето, но потребно е да се исполнат два услова, едниот е Ѓоковиќ во два сета да го победи Доминик Тим, кој пак во последото мора да загуби и од Беретини без да освои сет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот