Федерер: Надал може да биде запомнет како најдобар во историјата

EPA-EFE/MAST IRHAM

Рафаел Надал во 2019 година освои две грен слем титули и годината по петти пат во кариерата ќе ја заврши годината на првото место на АТП ранг листата.

– Рафа е голем тенисер. Кој би помислил дека ќе биде број еден оваа година, и тоа откако пред 11 години за прв пат беше во оаа позиција. Сите говореа дека ќе биде повреден, дека нема да успее, дека нема да биде здрав и дека неговата игра е брутална за телото. Но, Рафа пронајде начин да ги разувери сите и сега зад себе има неверојатна сезона со две грен слем титули – вели Федерер.

Швајцарецот иако е голем ривал со Надал, сепак има огромен респект кон Шпанецот.
– Надал засега има освоено 19 грен слем титули, а уживав кога бевме заедно на теренот во Лејвер Купот. Многу научив од него, тој е голем шампион кој е одличен за тенисот. Среќен сум што имавме толку многу епски мечеви, посебно на Вимблдон, на Ролан Гарос и во Австрија. Рафа ќе остане запомнет можеби и како најголемиот тенисер на сите времиња – додаде Федерер.

Федерер и Надал досега играче 40 мечеви на кои Надал води со 24:16 иако Федерер победи на шест од последните седум меѓусебни пресметки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот